Македонија ја очекува стабилно и топло време до средината на следната недела, по што метеоролозите најавуваат заладување и периоди со дожд.
Денеска времето е умерено облачно и потопло, со максимална температура околу 21 степени, додека во наредните неколку дена ќе преовладува сончево и пријатно време.
Во петок и за време на викендот ќе биде претежно сончево, со температури од 19 до 21 степен, а минималните утрински ќе се движат меѓу 4 и 9 степени.
Во понеделник времето ќе остане стабилно и ведро, но од вторник се очекува зголемена облачност и благ пад на температурите.
Промена на времето ќе настапи од четврток, кога ќе има локални врнежи од дожд и осетен пад на дневните температури. Кон крајот на неделата се прогнозираат периоди со дожд и максимални температури меѓу 13 и 16 степени.
Дождливи периоди се предвидуваат и за петок и сабота (17 и 18 октомври), кога максималните температури ќе се движат меѓу 13 и 16 степени, што означува и почеток на постуден есенски период.
Од 19 до 22 октомври повторно ќе има пократки сончеви интервали, но со пониски температури – од 17 до 19 степени, а потоа до крајот на месецот се најавува стабилно, претежно сончево време со температури околу 18 степени преку ден.
