Close Menu
Press24
    Најново

    Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле

    11.03.2026 во 23:44

    Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација

    11.03.2026 во 23:22

    Георгина се спакува и го напушти семејниот дом

    11.03.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле
    • Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација
    • Георгина се спакува и го напушти семејниот дом
    • Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце
    • ДУИ: Итна оставка од Костадиновски
    • ФФМ ја казни Шкендија со 5.000 евра
    • Тренчевска: Цените растат, власта не го штити животниот стандард на граѓаните
    • Дарко се онесвестил кога дознал за смртта на братот, неколку часа претходно заедно пиеле кафе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Посилни партнерства за почисти региони: Пелагонија и Југозапад се посветени на формирање модерен и одржлив систем за управување со отпад

    Посилни партнерства за почисти региони: Пелагонија и Југозапад се посветени на формирање модерен и одржлив систем за управување со отпад

    09.12.2025 во 21:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вечерва, се одржа свечен прием во Скопје, на кој присуствуваа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ, градоначалниците на општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион како и раководителот за развојна соработка, Амбасада на Кралството Шведска, Микаел Атерхог, и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Сомер, и претставници на меѓународни организации, при што партнерите ја потврдија силната и континуирана посветеност кон воспоставување регионален модерен и одржлив систем за управување со отпад, по европски стандарди. Настанот беше посветен на зајакнување на регионалната соработка како основа за одржување на утрешната конститутивна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО).

    Партнерите нагласија дека државата влегува во нова фаза на воспоставување функционален Регионален систем за управување со отпад (РСУО). Овој процес е суштински и клучен за исполнување на националните законски обврски, како и за унапредување на квалитетот на животната средина, но и за приближување кон стандардите и барањата на Европската Унија.

    Општините од двата региона, по тригодишна координирана работа, планирање и развој на општинските капацитети, преминуваат кон практична имплементација на РСУО. Утрешното воспоставување на МОУО претставува суштински чекор кон интегрирано, координирано и транспарентно управување со отпадот.

    Шведска, преку поддршката на SALAR International, како и Швајцарија и другите партнери, повторно ја потврдија својата долгорочна посветеност кон реформите врзани со управувањето со отпад. Двете партнерски земји обезбедуваат експертиза, финансиска поддршка и институционален кредибилитет – фактори кои се клучни за успешна системска трансформација.

    Градоначалниците од Пелагонискиот и Југозападниот регион ја изразија својата подготвеност, волја и одлучност да работат заедно во корист на граѓаните во функција на заштитата на животната средина.

    Присутните институции го препознаа и поздравија континуираниот труд изминативе три години – спроведувањето на консултативните процеси, техничката поддршка, развојот и поддршката во имплементацијата на локалните планови, зајакнатите општински тимови и капацитети и меѓуинституционалната координација – предводени заеднички со SALAR International, со што се обезбедува стабилен влез во фазата на оперативна имплементациja.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24

    Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце

    11.03.2026 во 22:51

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.