Close Menu
Press24
    Најново

    Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот

    10.04.2026 во 11:30

    Христовото распнување како симбол на верата – што значи Велики петок

    10.04.2026 во 11:29

    Секој живот е важен: РСБСП со апел да се почитуваат сообраќајните правила за продолжениот викенд

    10.04.2026 во 11:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот
    • Христовото распнување како симбол на верата – што значи Велики петок
    • Секој живот е важен: РСБСП со апел да се почитуваат сообраќајните правила за продолжениот викенд
    • (ВИДЕО) Ковачевски јавил во СДСМ дека ќе дава интервју, но од партијата не му одговориле
    • ЕУ го активира дигиталниот граничен систем: Што се менува за патниците од денеска?
    • Николоски: Преку 70% Министерството за транспорт има реализација на капиталните инвестиции
    • Хумани градоначалници: Подарија пакети на семејства од социјален ризик во пресрет на големиот празник Велигден
    • Кој ќе дежура во ЈСП за Велигден: Објавено работното време на билетарниците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот

    Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот

    10.04.2026 во 11:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. 

    Како што информираат од МВР утре во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: булеварит „Партизански Одреди” од крстосница со улицата „Франклин Рузвелт” до крстосница со булеварор „ВМРО”; булеварот „Св.Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улицата „Димитрие Чуповски” и улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со улицата „9-ти Мај” до кружна крстосница со улицата „Св. Кирил и Методиј”. 

    На возилата од јавниот градски сообраќај (автобусите) кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по булевар „Илинден” и преку улицата „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански Одреди”, додека автобусите кои што минуваат преку центар ќе се движат по улуцата „М.Т.Гологанов” па преку улицата „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански Одреди” и во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници. 

    Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори улицата „Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со булевар „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“. 

    Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче. 

    Од МВР информираат дека по потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

    Популарно

    Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот

    10.04.2026 во 11:30

    Христовото распнување како симбол на верата – што значи Велики петок

    10.04.2026 во 11:29

    Секој живот е важен: РСБСП со апел да се почитуваат сообраќајните правила за продолжениот викенд

    10.04.2026 во 11:27

    (ВИДЕО) Ковачевски јавил во СДСМ дека ќе дава интервју, но од партијата не му одговориле

    10.04.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.