Пороен дожд, грмежи и град - Поголем дел од Македонија зафатен од невреме


Најавуваното разладување пристигна во повеќе делови од Македонија.

Повеќе региони во Македонија се соочуваат со интензивни врнежи, грмежи и град, како резултат на нестабилната атмосфера. Метеоролозите предупредуваат дека невремето ќе продолжи и во следните часови.

Најзафатени региони се Македонска Каменица, Делчево и Пехчево. Во овој дел има пороен дожд, грмежи и суградица.

„Територијата северозападно од Пехчево и Берово исто така е зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и наместа појава на град.

Нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд , грмежи и појава на град има и југоисточно од Прилеп во планинските предели, но и северно од Кочани и измеѓу Штип и Радовиш.

Невремето не го одмина ниту Кочани каде имаше пороен дожд и грмежи.

Југозападно од Демир Хисар и северозападно од Струга исто така имаме нестабилност со појава на грмежи и дожд“, соопшти УХМР.

15.08.2024 - 18:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега