Пораст на дневната температура во наредните денови, в понеделник ќе достигне 23 степени

Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура која утре ќе достигне од 10 до 17 степени, а в недела од 14 до 20 степени.

Како што соопшти УХМР, утринските утре ќе се движат од -6 до 1 степен, а в недела од -4 до 2 степена.

Според прогнозата на УХМР, во понеделник ќе биде сончево со утринска температура од -2 до 5 и дневна од 17 до 23 степени.

И во деновите потоа ќе биде топло преку ден, со максимални темератури до 21 степен во вторник и среда и до 22 степена во четврток. 

17.03.2023 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа