Close Menu
Press24
    Најново

    Инцидент пред судот во Куманово: Непознато лице истурило течност пред објектот и побегнало

    01.03.2026 во 12:55

    (ВИДЕО) Воздушен напад врз облакодер во Дубаи: Техеран наводно тврди дека целта била седиште на ЦИА

    01.03.2026 во 12:45

    (ВИДЕО) Погледнете како Иранците ги подготвуваа авионите и пилотите да напаѓаат американски бази: Објавена е листата на бомбардирани локации

    01.03.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент пред судот во Куманово: Непознато лице истурило течност пред објектот и побегнало
    • (ВИДЕО) Воздушен напад врз облакодер во Дубаи: Техеран наводно тврди дека целта била седиште на ЦИА
    • (ВИДЕО) Погледнете како Иранците ги подготвуваа авионите и пилотите да напаѓаат американски бази: Објавена е листата на бомбардирани локации
    • Вчера и денес беа само загревање: Нетанјаху најавува илјадници напади врз „терористичкиот режим“
    • Петрушевски: СДСМ бега од темата за Груби бидејќи не знаат во какви зделки биле заедно вмешани
    • Иран штотуку објави крвава одмазда врз Америка и Израел: Денес ќе нападнеме со сила каква што никогаш порано не сте виделе
    • Приведен велешанец на автопатот Куманово-Велес: Возел пијан и под активна забрана
    • Месечен хороскоп: Март носи големи пресврти за сите знаци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поранешниот директор на струмичкото јавно претпријатие заработи кривична – ја злоупотребил службената положба бесправно градел

    Поранешниот директор на струмичкото јавно претпријатие заработи кривична – ја злоупотребил службената положба бесправно градел

    01.10.2025 во 17:042 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривични пријави против поранешен директор на струмичко јавно претпријатие за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „бесправно градење“.

    -СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична пријава против З.Г. (56) од Струмица – поранешен директор на Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец Струмица, против јавното претпријатие, против Г.Б.(52) од Струмица и против правно лице од Струмица поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244-А во врска со член 22 од Кривичниот законик. Имено, јавното претпријатие, застапувано од З.Г. и правно лице, застапувано од Г.Б., со заеднички дејствија изградиле објект од втора категорија, кој се користел како деловен објект, без притоа да биде издадено соодветно одобрение за градење од општина Струмица. СВР Струмица поднесена кривична пријава поранешниот директор на ЈКПД „Комуналец“ и поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

    Во првиот случај, како што се наведува во соопштението, пријавениот З.Г. склучувал договори за закуп на простор пред објект – настрешница со правно лице од Струмица, која била бесправно изградена на зелена површина. – Притоа, договорите биле склучувани со непосредна спогодба иако станува збор за користење на простор за кој согласно Законот за комуналните такси е потребно општината да издаде согласност и да наплатува комунална такса согласно тарифата. На тој начин е нанесена штета на буџетот на општина Струмица и била остварена финансиска односно имотна корист за ЈПКД „Комуналец“ Струмица во вкупен износ од 847.126 денари, соопштуваат од Министерството.

    Во вториот случај, како што посочуваат од МВР, пријавениот ја злоупотребил службената положба на тој начин што во периодот од 2020 до 2023 година од истото правно лице вршел набавка на храна и угостителски услуги без да биде спроведена соодветна постапка за јавна набавка согласно Законот за јавни набавки со изговор дека храната била набавена за работници кои работеле прекувремено.

    -Меѓутоа, во фактурите нема подетално објаснување за тоа што е набавено, односно во прилог на фактурите нема поткрепувачка документација од која може да се утврди кои лица користеле оброк, ниту пак дали работеле ноќе или прекувремено, а јавното претпријатие немало план за организирање на работа во смени. Со ваквите дејствија била причинета штета на јавното претпријатие во вкупен износ од 307.800 денари, информираат од МВР.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    Иран штотуку објави крвава одмазда врз Америка и Израел: Денес ќе нападнеме со сила каква што никогаш порано не сте виделе

    01.03.2026 во 11:45

    Дел од строгиот центар на Скопје денеска ќе остане без струја цели осум часа

    27.02.2026 во 09:28

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.