Во врска со вооружениот инцидент во Куманово, во кој беше повреден Зекирија Шаини, до Основното јавно обвинителство Куманово денеска е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот.

Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето се уште се проверуваат. Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија, соопшти ОЈО. 

Exit mobile version