Поранешен шеф на криминалистичка полиција тајно се состанувал со Беливук и неговите соработници- за неколку месеци се сретнале 31 пат

Поранешниот шеф на криминалистичката полиција во Белград, Илија Милачиќ е уапсен под сомнение за откривање на службени тајни на мафијашкиот клан на Веjко Беливук.

Имено, постојат сериозни докази дека Милачиќ во последните неколку месеци тајно се состанал со Беливук и неговите соработници повеќе од 30 пати, поточни 31.

Некои од тие средби се случиле во мафијашкиот „бункер“ на стадионот „Партизан“, каде членовите на кланот „Веља Невоља“ брутално ги мачеле своите жртви.

Наводно, уапсениот Милачиќ во неколку наврати одел на состаноци со мафијаши во друштво на висок функционер на МВР, чие име се чува во тајност.

За потсетување, Милачиќ во неделата беше сослушан во Вишото јавно обвинителство, каде негираше откривање на службени тајни. По сослушувањето, му беше одреден притвор во траење до 30 дена. Доколку биде осуден, му се заканува затвор од шест месеци до осум години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2021 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа