Поради екскалацијата во Либан: 90.000 луѓе се спакувале и ги напуштиле домовите

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска соопшти дека по тридневните израелски воздушни напади во Либан, во таа земја се раселени уште најмалку 90.530 лица.

Речиси 40.000 од нив во моментов се сместени во 283 засолништа.

Голем број луѓе на северот на Израел и југот на Либан веќе беа принудени да ги напуштат своите домови во текот на речиси една година судири меѓу Израел и либанскиот Хезболах и други вооружени групи кои се борат против Израел.

Израелската влада си постави за цел враќање на луѓето од северот во нивните домови.

Високиот комесаријат за бегалци на ОН (UNHCR) во Либан изрази сериозна загриженост поради ескалацијата во Либан.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања денеска соопшти дека вкупно 200.000 луѓе биле раселени во Либан откако проиранскиот Хезболах почна да испукува ракети кон северен Израел на 8 октомври минатата година, што предизвика израелска одмазда. 

25.09.2024 - 17:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега