Close Menu
    Најново

    (ФОТО) Имаше само 26 години: Убиена актерката од „Кралот лав“

    26.12.2025 во 23:44

    Сулејман Величествениот пораснал во овој град: Во неговата куќа се чува старо оружје и восочна фигура на султанот

    26.12.2025 во 23:21

    „Цела Европа e на нишан“ – Познато каде Путин ги распоредува хиперсоничните ракети „Орешник“

    26.12.2025 во 23:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ФОТО) Имаше само 26 години: Убиена актерката од „Кралот лав“
    • Сулејман Величествениот пораснал во овој град: Во неговата куќа се чува старо оружје и восочна фигура на султанот
    • „Цела Европа e на нишан“ – Познато каде Путин ги распоредува хиперсоничните ракети „Орешник“
    • Екс премиер осуден на казна затвор од 15 години
    • Трамп до Зеленски: Последниот збор е мој
    • Страшна несреќа во станбена зграда во Калитеа: Во пожар загинаа две лица
    • (ВИДЕО) Светот во шок: Верижна сообраќајка на автопат – се судрија 50 возила, има загинати и повредени
    • Ѓорѓиевски: Не само „Усје“, сите фабрики мора да се дислоцираат од центарот на Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Поплави во Чешиново-Облешево, излеани Брегалница и Кочанска река

    Поплави во Чешиново-Облешево, излеани Брегалница и Кочанска река

    29.11.2025 во 16:19
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Обилните врнежи во источниот регион предизвикаа поплавување на простории и дворови во Општина Чешиново-Облешево, а најпогодени се селата Чешиново, Облешево и Чифлик.

    Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), реките Брегалница и Кочанска река се со значително зголемен водостој, при што на одредени локации во општините Штип и Чешиново-Облешево веќе е забележано нивно излевање од коритата.

    Локалната самоуправа ги ангажираше сите расположливи ресурси, а во интервенциите се вклучени и ТППЕ Кочани, Водостопанство „Брегалница“ и РЦУК Кочани. Поради обемот на поплавите, побарана е дополнителна материјално-техничка поддршка за испумпување на водата од објектите.

    Покрај поплавите, дождот предизвика и свлечишта на експресниот пат Радовиш–Штип и на правецот Злетово – брана Кнежево, каде интервенираа екипите на „Македонија пат“.

    „Лизгање на земјште во с.Липково место викано Кисела Вода. За настанатата состојба од Општина Липково сме известени дека Општина Липково располага со ограничени ресурси за интервенции од ваков тип, како и поради сериозноста и ризикот од понатамошно влошување на состојбата, побарано е во санирањето на свлечиштето да се вклучат и државните институции“, информираат од ЦУК.

    Популарно

    Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

    25.12.2025 во 22:46

    „Цела Европа e на нишан“ – Познато каде Путин ги распоредува хиперсоничните ракети „Орешник“

    26.12.2025 во 23:09

    Трамп до Зеленски: Последниот збор е мој

    26.12.2025 во 22:40

    Екс премиер осуден на казна затвор од 15 години

    26.12.2025 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.