Close Menu
Press24
    Најново

    Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички

    03.08.2026 во 14:01

    Полицијата апсеше возачи без дозволи и под дејство на алкохол – приведени 34 лица

    03.08.2026 во 13:45

    Возел „мерцедес“ со 220 километри на час на автопатот А1 – Косовски државјанин приведен кај Гевгелија

    03.08.2026 во 13:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Полицијата апсеше возачи без дозволи и под дејство на алкохол – приведени 34 лица
    • Возел „мерцедес“ со 220 километри на час на автопатот А1 – Косовски државјанин приведен кај Гевгелија
    • Внимателно зад воланот во Грција: Полицијата казнува и „кочење“ на сообраќајот
    • Километарски колони кон Грција: Над 17.000 патници ја напуштиле државата преку Гевгелија за 24 часа
    • МВР во акција низ целата земја: За една недела приведени над 70 лица поради дрога
    • Инцидент кај „Куклица“: Приведена 41-годишна жена од Кратово за напад врз посетители
    • Утре ќе нема струја шест часа – ЕВН најави исклучување во едно скопско село
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поплави, одрони и заматена вода – каква е состојбата низ државата?

    Поплави, одрони и заматена вода – каква е состојбата низ државата?

    10.01.2026 во 10:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обилните врнежи предизвикаа проблеми во повеќе општини низ Македонија, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

    Пелагониски регион: Во Крушево, водата за пиење е заматена, па се препорачува таа задолжително да се преврива најмалку 10 минути пред употреба. Нивото на Црна Река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата на излевање, а екипите работат на зајакнување на насипите. Во Битола, во населбата Стрчин се отстрануваат наноси од чакал, додека во селата Кравари, Жабени и Породин има поплавени земјоделски површини поради излевање на Жабјанска и Елешка река, иако водостоите се во опаѓање. Во Ресен штетите се посериозни – поплавени се куќи, дворови и магацини со јаболка, но нивото на Голема Река е веќе значително намалено. Во Демир Хисар, локалниот пат кон селото Мренога е затворен поради оштетен мост на Боишка река. Во Прилеп, поплавени се дворови и оштетен е тутун во селата Лажани и Пешталево поради неисчистени канали.

    Источен и Полошки регион: Во Кочани и Штип, регистрирано е излевање на Оризарска река кај село Грдовци, каде се интервенира со механизација, а од понеделник ќе започне чистење на коритото. Сообраќајот Кочани–Грдовци е нормализиран. Во Тетово, иако патот кон Бање е исчистен, сообраќајот останува забранет од безбедносни причини.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички

    03.08.2026 во 14:01

    Полицијата апсеше возачи без дозволи и под дејство на алкохол – приведени 34 лица

    03.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.