Попладнево средба Заев – Ахмети: Лидерот на ДУИ најавува владино мнозинство

Во Собранието попладнево се одржува средба меѓу лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети на која се договара идната владина коалиција.

Ова е трета средба Заев – Ахмети од 4 август до денеска како дел од преговорите за формирање парламентарно мнозинство и влада.

До овој состанок двете страни постигнаа согласност за принципите на „евентуалната заедничка владина програма“, но не и конечен договор за продолжување на заедничкото владеење.

Пред почетокот на средбата, Ахмети, за ТВ 24, на прашањето како ја толкува изјавата на Заев дека со поканата за средба на сите политичлки партии на Албанците за годишнината од Рамковниот договор, ДУИ прави притисок врз СДСМ, тој кусо одговори: „Нема притисок“.

На прашањето дали ќе формираат владино мнозинство, Ахмети исто така кусо одговори: „Ќе формираме“.

Заев пред почетокот на средбата, само кусо рече дека во овој момент нема коментар.

Средбата денеска следи откако Заев денеска во изјава за ТВ 21 рече дека ДУИ врши притисок врз него и коалицијата „Можеме“ за премиерското место, со тоа што ги повика на заедничка средба в четврток сите парламентарни партии на Албанците по повод годишнината од Рамковниот договор

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега