Попладнево пронајдена дрога кај наставник од Прилеп, лицето е приведено

 

На 22.03.2023 во 18.20 часот во Прилеп од страна на полициски службеници од СВР Битола, надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп при преглед кај 54 годишно лице од Прилеп била пронајдена бела грутчеста материја, пишува Инфокомпас.мк.

Според Инфокомпас.мк станува збор за наставник во едно основно училиште, кој што е од Прилеп.

Се очекува официјална потврда од СВР Битола. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

22.03.2023 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега