Поништена пресудата за функционерите на ДУИ

Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Титаник 3“, ги уважи жалбите на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, и ја укина првостепената пресуда.

– По одржана седница на ден 12.07.2021 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. од С. и Е.А. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, соопшти Апелацискиот суд Скопје.

Исмет Гури и Ејуп Алими на 31 март 2020 година беа осудени на по три и пол години затвор за „Титаник 3“, заради уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година.

Судијката Марија Клетничка при објавување на пресудата рече дека обвинетиот Гури е виновен затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето. Додека обвинетиот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал.

28.07.2021 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега