Помладиот брат на Трамп е хоспитализиран, не се знае од што е болен

Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп, Роберт, е хоспитализиран во Њујорк, објави денеска Белата куќа без дополнителни информации.

Портпаролот на Белата куќа Џуд Дир потврди дека помладиот брат на Трамп е во болница.

Претседателот се очекува да го посети неговиот брат подоцна во текот на денот, додаде портпаролот.

ABC News објави дека Роберт Трамп бил „многу болен“, повикувајќи се на неименувани извори.

Не е познато за која болест станува збор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега