Полските земјоделци повторно ја блокираа границата кон Германија

 

Полските земјоделци повторно го блокираа најфреквентниот граничен премин меѓу Германија и Полска, веднаш до градот Франкфурт на Одра, што предизвика сообраќаен метеж од двете страни на границата.

„Во Франкфурт и Губен се блокирани граничните премини, а во самиот Франкфурт се формираат големи толпи“, соопшти полицијата во Франкфурт на Одра во сојузната покраина Бранденбург.

Според најавите на земјоделците, блокадата ќе трае до среда.

Земјоделците со недели протестираат против политиката на Европската унија во врска со субвенциите за земјоделството. Една од причините за протестот е увозот на поевтини земјоделски производи од Украина.

А од германска страна, земјоделците со недели протестираат против политиката на германската влада и укинувањето на субвенциите за гориво.

Во неколку наврати поради блокади се случија сообраќајни незгоди. Пред неколку дена земјоделците истуриле ѓубриво на патот кај Берлин, по што се случила сообраќајна несреќа со неколку повредени.

Земјоделците во неколку наврати ги нападнаа и колоните во кои имаше членови на владата, членови на партијата на Зелените, кои земјоделците ги обвинуваат за аграрната политика на владата.

18.03.2024 - 19:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега