Првичните резултати од парламентарните избори во Унгарија, базирани на 37 отсто преброени гласови, најавуваат историски пресврт. Опозициската партија „Тиса“, предводена од Петер Маѓар, забележува значителна предност и се движи кон убедлив триумф.

Според моменталните податоци, „Тиса“ би освоила 132 пратенички места, што е на прагот од двотретинското мнозинство (133 места) потребно за уставни измени. Владејачката партија „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан во овој момент има 59 места, додека за националистичката партија „Наша татковина“ се проектирани 8 пратенички места.

Лидерот на опозицијата, Петер Маѓар, се огласи преку социјалните мрежи веднаш по објавувањето на првичните резултати. Со кратка, но симболична порака на својот Фејсбук профил, тој напиша:

„Благодарам Унгаријо!“

Додека опозицијата слави, владејачкиот табор сè уште молчи. Од премиерот Виктор Орбан засега нема официјална реакција на изборните резултати кои ја менуваат долгогодишната политичка карта на земјата.

Exit mobile version