Полициско возило удри во пешак во Велес

75-годишен велешанец бил тешко повреден по удар од патничко возило сопственост на МВР а управувано од полициски службеник од Велес.

Според полицијата, вчера во 07.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Панко Брашнаров“ во Велес, патничко возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник В.А.(25) од Велес, удрило во пешакот Д.Т.(75) од Велес.

Во незгодата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

13.09.2021 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега