Вчера (30.11.2025) во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршиле контрола во угостителски објект во Свети Николе.

При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 00:00 часот, од кои 14 биле под дејство на алкохол.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица. Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Exit mobile version