Полицијата рано утринава приведе 34-годишен жител на скопското село Инџиково, при акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога.
Од СВР Скопје информираат дека Р.С. бил лишен од слобода на 1 септември, пет минути по полноќ.

МВР
Тој бил затекнат во домот на 42-годишната А.Д. во Инџиково, каде полициски службеници извршиле претрес со судска наредба. При прегледот кај 34-годишникот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага.
Р.С. бил задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.