Полицијата „упадна“ во стан во Центар- приведени две млади лица

 

 

Полицијата вчера приведе две лица на возраст од 25 и 20 години, при претрес на стан во Скопје.

– Вчера во 19:00 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле лишени од слобода А.С.(25) и М.К.(20), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од МВР.

По претходно добиена наредба од Судија на претходна постапка, полициски службеници извршиле претрес во стан на подрачјето на Центар, каде привремено престојуваат двете лица, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага и парични средства.

Од МВР информираат дека лицата А.С. и М.К. се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега