Close Menu
Press24
    Најново

    Полицијата упадна во просториите на Европската комисија

    12.02.2026 во 19:29

    Бојковска: Безбеден град не е само систем за детектирање на сообраќајни прекршоци и казнувања, туку и за спасување на човечки животи

    12.02.2026 во 19:12

    Кои се жртвите во пукањата во Канада?

    12.02.2026 во 18:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Полицијата упадна во просториите на Европската комисија
    • Бојковска: Безбеден град не е само систем за детектирање на сообраќајни прекршоци и казнувања, туку и за спасување на човечки животи
    • Кои се жртвите во пукањата во Канада?
    • Мелони со нов закон против илегалната миграција: Италија воведува построги правила и рестрикции
    • Истепани пожарникари во Куманово
    • Орбан до Зеленски: Претседателе, на погрешен пат сте – членките ги поставуваат условите
    • Крај на шпекулациите: Ангела Меркел нема да се кандидира за претседател на Германија
    • Средба Сали – Варнс: САД остануваат наш најсилен стратешки партнер
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата упадна во просториите на Европската комисија

    Полицијата упадна во просториите на Европската комисија

    12.02.2026 во 19:29
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел.

    Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата на недвижен имот во сопственост на Европската Унија, пренесуваат светските медиуми.

    Акцијата е спроведена наутро, а опфатила неколку објекти на Комисијата, вклучувајќи го и одделот задолжен за буџетот, објавува Фајненшл тајмс (FT).

    Истрагата, според написите, се однесува на продажба на недвижен имот на Европската Унија, која е спроведена за време на претходниот мандат на Европската комисија, кога Јоханес Хан бил задолжен за буџетот.

    Според изворите, предмет на проверката е трансакција од 2024 година, кога 23 згради биле продадени на белгискиот државен инвестициски фонд SFPIM за вкупно 900 милиони евра.

    Постапката ја води Европското јавно обвинителство (EPPO), одговорно за кривични дела што им штетат на финансиските интереси на Европската Унија.

    Портпаролката на организацијата, Тине Холвет, потврди дека активностите за собирање докази се во тек, но нагласи дека не може да даде дополнителни информации за да не се загрози текот на истрагата.

    Белгиската федерална полиција и OLAF, европската канцеларија за борба против измами, одбија да коментираат за случајот.

    Белгискиот фонд SFPIM исто така не одговори на барањата на медиумите, додека истрагата продолжува без официјални обвиненија или заклучоци.

    Јоханес Хан беше задолжен за управување со буџетот на Европската Унија до 2024 година, а по завршувањето на неговиот мандат, беше назначен за специјален претставник на ЕУ за Кипар.

    Претходно ја извршуваше функцијата европски комесар за проширување од ноември 2014 до ноември 2019 година.

    Популарно

    Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето

    10.02.2026 во 11:12

    Уапсен Саит Саитов: Го фатиле во Врање – се очекува негова екстрадација во Македонија

    11.02.2026 во 23:26

    Службеник барал парите за пасош луѓето да му ги плаќаат на рака, па си ги ставал во џеб

    11.02.2026 во 23:04

    Се подготвувал за војна – Полицијата во шок по претрес во куќа во Макарска

    10.02.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.