Полицијата упадна во неговиот дом - уапсен маж од Драчево

Министерството за внатрешни работи информираше дека синоќа во 22:20 часот во Драчево, полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(37) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, била пронајдена марихуана и вага со остатоци од марихуана.

Д.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега