Close Menu
Press24
    Најново

    Полицијата улови рекордери на патиштата: Скопјанец возел „мерцедес“ нерегистриран од 2010 година, светиниколчанец летал со 212 км/час кон Штип

    06.04.2026 во 13:59

    Ужас во Тетово: Десетгодишно дете хоспитализирано откако се испило поголема количина на лекови

    06.04.2026 во 13:53

    Голема акција на царината: Спречено криумчарење лекови за дијабет, забни импланти и 12 тони овошје

    06.04.2026 во 13:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицијата улови рекордери на патиштата: Скопјанец возел „мерцедес“ нерегистриран од 2010 година, светиниколчанец летал со 212 км/час кон Штип
    • Ужас во Тетово: Десетгодишно дете хоспитализирано откако се испило поголема количина на лекови
    • Голема акција на царината: Спречено криумчарење лекови за дијабет, забни импланти и 12 тони овошје
    • Мицкоски: Владата ја владее ситуацијата, нема да носиме избрзани одлуки под притисок
    • Нова пријава за градоначалникот на Струга: Назначил директор на „Водовод“ без образование и познавање англиски јазик
    • Трчајте на бензинска: Горивата од полноќ поскапуваат
    • Петрушевски: Дали Заев примил поткуп од 4 милиони евра за бетонската џунгла во Тетово
    • Кузеска: Орбан – Јанша – Вучиќ – Мицкоски, ист авторитарен модел, контрола на медиуми, лажни афери и манипулации
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата улови рекордери на патиштата: Скопјанец возел „мерцедес“ нерегистриран од 2010 година, светиниколчанец летал со 212 км/час кон Штип

    Полицијата улови рекордери на патиштата: Скопјанец возел „мерцедес“ нерегистриран од 2010 година, светиниколчанец летал со 212 км/час кон Штип

    06.04.2026 во 13:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера (05.04.2026), во временскиот период од 13:00 до 19:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе зајакната акциска контрола во патниот сообраќај со посебен акцент на контрола на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

    При контролата на автопатот Скопје-Штип со специјално возило пресретнувач сопственост на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило „ауди“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од А.Л(24) од Свети Николе од 212 километри на час, при што ја надминал максимално дозволената брзина на ограничување од 130 километри на час надвор од населено место.

    На регионален пат Куманово-Крива Паланка измерена е брзина на возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Д.Д(37) од Куманово, од 182 километри на час каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

    На регионален пат Арнакија-Глумово одземено е товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кај кого е констатирано дека возачот А.А.(33) од Скопје го управувал истото во јавен сообраќај со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола која важела до 24.04.2010 година.

    При акциската контрола изречени се 14 мерки за движење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и констатирани се четири останати сообраќајни прекршоци.

    Три лица се лишени од слобода за сторено кривично дело по член-297а од Кривичниот законик, од кои две лица управувале моторно возило надвор од населено место со брзина поголема од 70 км/ч од дозволената а додека едно лице е лишено од слобода за управување на моторно возило без важечка возачка дозвола.

    По целосно документирање на случаите за сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави согласно закон.

    Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните.

    Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

    Популарно

    Полицијата улови рекордери на патиштата: Скопјанец возел „мерцедес“ нерегистриран од 2010 година, светиниколчанец летал со 212 км/час кон Штип

    06.04.2026 во 13:59

    Ужас во Тетово: Десетгодишно дете хоспитализирано откако се испило поголема количина на лекови

    06.04.2026 во 13:53

    Голема акција на царината: Спречено криумчарење лекови за дијабет, забни импланти и 12 тони овошје

    06.04.2026 во 13:47

    Мицкоски: Владата ја владее ситуацијата, нема да носиме избрзани одлуки под притисок

    06.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.