Полицијата растури домашна забава во Скопје - приведени осум лица
По добиена пријава во СВР Скопје, полициски службеници од Полициска станица Карпош ноќеска во 01:28 часот извршиле контрола во стан на бул.„8 Септември“, во кој престојува П.П. (25).
При контролата, покрај П.П., биле затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на COVID-19.
Од МВР денеска информираа дека лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа