Close Menu
Press24
    Најново

    Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила

    03.03.2026 во 23:10

    Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи

    03.03.2026 во 22:54

    Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра

    03.03.2026 во 22:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила
    • Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи
    • Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра
    • Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
    • Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
    • Вреди наскоро ќе биде една партија
    • Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
    • Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата пуштена на најако: Деветмина пијани возачи се трезнеа во полициска станица, најстариот има 72 години

    Полицијата пуштена на најако: Деветмина пијани возачи се трезнеа во полициска станица, најстариот има 72 години

    18.01.2026 во 12:473 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На 18.01.2026 во 02:38 часот, на ул. „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници сопреле патничкото возило „пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (47) од Тетово. По извршеното алкотестирање, кај него биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта.

    На 17.01.2026 во 21:30 часот, во с. Жеровјане, општина Боговиње, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, сопреле патничко возило „голф“ со гостиварски ознаки, управувано од М.А. (49) од Гостивар. При контролата е утврдено дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта.

    На 18.01.2026 во 03:20 часот, на крстосница од улиците „Доне Божинов” и „Тодор Велков” во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.А.(25) од село Љубодраг, кумановско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „поло“ , кое го управувал М.А. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта.

    На 18.01.2026 во 01:15 часот, на крстосница од булевар „Трета македонска ударна бригада” и „Бранко Богдански Гуцман” во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Т.Т.(49) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ , кое го управувал Т.Т. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта.

    На 18.01.2026 во 03:00 часот на регионалниот пат Валандово- Струмица, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода З.Д.(57) од село Радово, струмичко. Претходно, на место викано „Дојранска раскрсница“ полициски службеници дале знак да застане на патничко возило „поло“ со струмички регистарски ознаки, но возачот на возилото не ја почитувал наредбата на полициските службеници. Потоа возилото е запрено на место викано „Валандовско брдо“ и е утврдено дека го управувал З.Д. од село Радово, а при извршено алкотестирање на возачот утврдено е присуство на алкохол во крвта од 1,95 промили.

    На 18.01.2026 во 03:55 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е Ј.С.(33) од охридското село Лескоец. Тој, управувајќи го своето патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и предизвикал сообраќајна незгода. По преземени мерки, полициските службеници кај него констатирале 1,79 промили алкохол во крвта, како и дека возилото го управувал иако имал активна забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија.

    На 18.01.2026 во 00:50 часот, на улицата „Владо Малески“ во Струга, лишен од слобода е Р.Ј.(41) од Вевчани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ што тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај Р.Ј. констатирале 2,37 промили алкохол во крвта.

    На 17.01.2026 во 17:46 часот, по сообраќајна незгода што се случила во близина на струшко Ново село, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишија К.Д.(72) од селото Требеништа, општина Дебрца. По извршено алкотестирање, кај него биле констатирани 1,79 промили алкохол во крвта.

    На 18 01.2026 во 01:00 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ј.С. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.С., при што било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,69 промили алкохол во крвта.

    По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33

    Пошумување на опожарена површина на Голак

    03.03.2026 во 21:32

    Катар предупредува: Нападот на Иран ги помина сите „црвени линии“, одговорот е неизбежен

    03.03.2026 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.