Вчера во 15:30 часот на ул.„Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.Џ.(69) од Гостивар.
При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
- Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син
- САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко
- Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет
- Макрон со апел до Нетањаху: Не влегувајте со војска во Либан, тоа е огромна грешка
- 8-ми март ќе им го промени животот: Три хороскопски знаци ќе добијат награда што не се купува со пари
- Мицкоски утре ќе присуствува на проширување на производните капацитети на „АКТИВА“ ДОО Штип
- Велешанец со „форд“ се забил во бетонски скали од куќа – итно пренесен во болница со тешки повреди
- Никако не ги внесувајте во домот – Kокичињата кријат темна страна

