Полицијата пронајде дрога и приведе битолчанец
Полициски службеници вчера околу 20 часот уапсиле 37-годишен маж.
„Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, го лишиле од слобода Р. П (37)од Битола. При преглед кај истиот пронајдена е паковка амфетамин“, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на настанот против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
17.05.2022 - 09:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа