Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет

    04.03.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син
    • САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко
    • Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет
    • Макрон со апел до Нетањаху: Не влегувајте со војска во Либан, тоа е огромна грешка
    • 8-ми март ќе им го промени животот: Три хороскопски знаци ќе добијат награда што не се купува со пари
    • Мицкоски утре ќе присуствува на проширување на производните капацитети на „АКТИВА“ ДОО Штип
    • Велешанец со „форд“ се забил во бетонски скали од куќа – итно пренесен во болница со тешки повреди
    • Никако не ги внесувајте во домот – Kокичињата кријат темна страна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата приведе шест пијани возачи, тројца од нив предизвикале сообраќајки

    Полицијата приведе шест пијани возачи, тројца од нив предизвикале сообраќајки

    07.02.2026 во 14:173 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На 07.02.2026 во 00:58 часот на ул. „7 Ноември“ во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.Ј.(52) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,97 промили алкохол во крвта.

    На 06.02.2026 во 21:50 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на Струга, лишен од слобода е И.М.(37) од Струга. Тој, управувајќи патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна несреќа, а по преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници кај него констатирале 1,96 промили алкохол во крвта.

    На 06.02.2026 во 11:40 часот во село Ињево, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода А.С.(38) од истото село. Тој околу 09:50 часот на раскрсницата од регионален пат Р2433 и улица во село Ињево, управувајќи патничко возило „рено“ со радовишки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна несреќа и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од полициските службеници, А.С. е пронајден и од извршеното алкотестирање му е утврдено присуство на 2,64 промили алкохол во крвта.

    На 07.02.2026 во 01:55 часот на ул.„Солунска“ во Битола, од страна на полициски службеници од СВР Битола од слобода е лишен Д.Ј.( 21) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.63 промили алкохол во крвта.

    На 07.02.2026 во 01:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(25) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, било сопрено патничко возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал А.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,64 промили алкохол во крвта, а било утврдено и дека не поседува возачка дозвола.

    На 06.02.2026 во 17:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.Б.(56) од Штип. Според пријавеното, А.Б. околу 15:30 часот на ул.„Ѓошо Сламката“ во Штип, додека управувал патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во метална ограда. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,31 промили алкохол во крвта.

    По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

    Популарно

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 13 часот

    04.03.2026 во 19:11

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.