Вчера во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.
- Сали се сретна со Претседателот на Република Албанија
- Нападнат 65-годишник во Центар
- Се запали куќа во Волково
- Хорор на клиника: Хирурзи во Приштина се тепаа пред колегите и пациентите
- Трамп за односите со Техеран: „Не сакам да го нападнеме Иран, но понекогаш мора“
- Венецуелската нафта повторно достапна за Куба: Помош за народот или нов дипломатски јазол?
- Уапсено лице од тетовско осомничено за лажни дојави за поставени бомби во училишта
- По ажурирање на оваа апликацијата – жена остана без 3.500 евра

