Сообраќајната полиција , како членка на европската асоцијација се приклучува на во кампањата за автобуси и товарни возила која ќе се спроведува од 9 до 15 февруари, соопшти МВР.
Фокус ставаме на безбедноста во сообраќајот и заштитата на сите учесници во сообраќајот.
Контролите ќе бидат насочени кон оваа категорија на учесници во сообраќајот и тоа на:
техничката исправност на автобусите и товарните возила,
почитување на законските услови за превоз на деца,
проверки на возачите пред организирани училишни, образовни и рекреативни патувања.
Дополнително, засилените контроли ќе ги опфатат и сите учесници во сообраќајот, со акцент на:
пречекорување на дозволената брзина,
возење под дејство на алкохол или психоактивни супстанци,
користење на безбедносен појас,
правилен и безбеден превоз и други прекршоци.
Потсетуваме дека сообраќајните правила не се препорака — тие се тука за да спасуваат животи.

