Полицијата казни 216 возачи на територијата на Македонија
Министерството за внатрешни работи вчера имаше засилена контрола на територијата на Македонија, при што беа казнети 216 возачи.
Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со над 70 километри на час. Притоа, 104 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.
„Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
12.05.2022 - 09:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа