Close Menu
Press24
    Најново

    „Сејф сити“ не простува: Регистрирани се над 19.000 казни за еден месец

    02.03.2026 во 15:35

    Првите патнички летови полетаа од Абу Даби

    02.03.2026 во 15:00

    И ова е можно: Тетовчанка лажно пријавила дека маж ѝ нудел пари на нејзината ќерка за сексуални услуги

    02.03.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Сејф сити“ не простува: Регистрирани се над 19.000 казни за еден месец
    • Првите патнички летови полетаа од Абу Даби
    • И ова е можно: Тетовчанка лажно пријавила дека маж ѝ нудел пари на нејзината ќерка за сексуални услуги
    • Наскоро ќе почне со исплата зголемената минимална плата
    • Хаос на Блискиот Исток: Над 400 Македонци чекаат евакуација, МНР подготвува план
    • Повисоки плати од март: Минималецот зголемен за 1.667 денари, соопшти министерот Дурмиши
    • Ужас во Скопје: 35-годишна жена со тешки повреди заврши во болница, сопругот ја претепал и ѝ се заканувал со убиство
    • Приведен кавадарчанец: Превезувал украдени дрва со нерегистрирано возило, без возачка, поминал на црвено и не застанал даден знак од полицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата и Обвинителството потврдија: Голема акција – меѓу приведените и важни ликови во ДУИ

    Полицијата и Обвинителството потврдија: Голема акција – меѓу приведените и важни ликови во ДУИ

    18.12.2025 во 11:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја потврдија акцијата во која се приведени десетина лица, а меѓу нив и функционерот на ДУИ, Бујар Дардишта.

    „Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа. Повеќе детали ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.“ – се вели во соопштението на ОЈО ГОКК

    Слично соопштение испрати и МВР.

    “Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал МВР под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа. Повеќе детали ќе бидат споделени по завршување на теренските активности.“ – се вели во информацијата на МВР.

    Информациите ги потврди и министерот Панче Тошковски.

    Бујар Дардишта, беше директор на Управата за водење на матични книги, а потоа и управител на едно од новоформираните три претпријатија на ЕСМ за топлинска енергија за затоплување на скопјани на местото на БЕГ. 

    Дардишта стана „популарен“ во јавноста откако Државниот завод за ревизија утврди дека во 2019 година кога тој бил директор на Управата биле издадени 21.957 погрешни изводи, односно 4 отсто од вкупниот број издадени изводи од матичните книги. Во реализираната ревизија бил констатиран кусок од 94.451 извод во матичните книги во Скопје, Тетово, Ресен, Гостивар и во Прилеп. Односно, ДЗР утврдил дека за толку обрасци на изводи не се наплатени ниту административни такси.

    Последен пат неговото име се споменуваше за време на собирот на УЧК во центарот на Скопје каде тој беше претставник на организациониот одбор.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Војната ескалира: Нападната територија на земја членка на ЕУ

    02.03.2026 во 10:00

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.