Полицијата и инспекцијата влегоа во скопска фирма: Затекнати седум странци кои незаконски работеле во државата

Денеска по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Отсекот за странци при Регионалниот центар за гранични работи Север во соработка со трудов инспекторат извршена е контрола во правно лице во Скопје. При контролата биле затекнати седум турски државјани, кои незаконски работеле во државата.
Лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и во текот на денот до Основниот суд Скопје1, против нив ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок по Закон за странци, спротивно на член 23, а казниво по член 217 став 1 точка 2.
01.10.2024 - 16:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа