Вчера на подрачјето на Скопје се санкционирани 113 возачи на мотоцикл, од нив четворица поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции за управување велосипед со помошен мотор без возачка потврда и 45 поради возење без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење сообраќајна дозвола, две за движење по несодветна површина, две за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати прекршоци.

За време на акциската контрола еден возач на мотоцикл е лишен од слобода по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување возило. 

Акцијата била спроведена Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 12:00 до 20:00 часот.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта низ државата, наведува МВР на својот фејсбук профил.

Exit mobile version