Просечната нето плата исплатена од компаниите во ТИР зоните за 2025 година е зголемена за 6% во однос на 2024 година, истакна директорот за дирекции на ТИРЗ, Гоце Димовски.

Компаниите од ТИР зоните во 2025 година уплатиле повеќе од 6,3 милијарди денари во буџетот на државата односно имаме раст од 10,5% поголеми уплати во буџетот на државата споредено со 2024 година, посочи Димовски.

„Вкупниот извоз на компаниите од ТИР зоните за квартал 1 (К1) од 2026 година е зголемен за 11% во однос на К1 од 2025 година.

Вкупниот извоз на компаниите од ТИР зоните за 2025 година е зголемен за 6,5% во однос на 2024 година.

Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5%, во услови кога растот на БДП во останатите земји од Европа е многу помал.

Дирекцијата за ТИРЗ во 2025 година заврши на високото 2-ро место во усогласеност со утврдените стандарди за имплементација на системот за интегритет согласно извештајот на ДКСК (Во 2023 година рангирани на 38-мо место, додека во 2024 година рангирани на 15-то место).

Она што во изминатата година и половина го работевме напорно со главна цел реструктуирање на економијата и консолидирање на институциите, денеска ги дава своите резултати!“, нагласи Димовски.

Exit mobile version