Полицајците во Тетово со „полни раце“ работа: Начекале пијани возачи - веднаш ги исклучиле од сообраќајот
Вчеравечер и ноќеска (09/10.12.2023) од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачите кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 27 прекршоци (ТЕ-24 и ГВ-3). Кај двајца возачи (ТЕ-1 и ГВ-1) биле измерени до два промили алкохол во организмот, а кај тројца (ТЕ) до еден и пол промил.
Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со парични глоби од 225 до 370 евра во денарска противвредност, а ќе се соочат и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година. Покрај ова, во акциската контрола биле санкционирани и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-8).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа