Полицајци сакале да го претресат, а тој почнал да бега и да фрла амфетамин и марихуана

33-годишен маж во текот на мај и јуни годинава набавувал марихуана и амфетамин, по што ги продавал на наркозависници.

 

Полициски службеници на 14 јуни му наредиле да запре, но тој не ги послушал и избегал, а притоа исфрлил 15 поединечни пакувања со вкупно 11 грама амфетамин и цигара со марихуана.

Полицијата информира дека на 15 јуни бил извршен претрес во неговиот дом, каде било пронајдено најлонско пакување со непозната материја, кое е дадено на вештачење, а лицето заврши во притвор.

17.06.2022 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега