Close Menu
Press24
    Најново

    Полицаец возел без дозвола: Го пратиле на психијатрија

    19.02.2026 во 13:44

    Андоновски од Кочани: Дигиталната трансформација мора да стигне до секој граѓанин

    19.02.2026 во 13:17

    Туск: Полјаците под итно да заминат од Иран

    19.02.2026 во 13:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Полицаец возел без дозвола: Го пратиле на психијатрија
    • Андоновски од Кочани: Дигиталната трансформација мора да стигне до секој граѓанин
    • Туск: Полјаците под итно да заминат од Иран
    • (ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата потврди дека Мицкоски управува со судовите
    • Милошоски-Миљаниќ: заемно унапредување на политичкиот дијалог и соработката
    • (ВИДЕО) Стојаноски: Работниците не добија ветувања, добија повисоки плати
    • Демант и од Владата: Семејството на премиерот не патувало во Хрватска со владиниот авион
    • ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на премиерот никогаш не го користелo владиниот авион – доста лажете
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицаец возел без дозвола: Го пратиле на психијатрија

    Полицаец возел без дозвола: Го пратиле на психијатрија

    19.02.2026 во 13:44
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено и казниво по член 297-а став 2 од Кривичниот законик.

    Пријавениот Ѓ.К., на работно место „полицаец“ во Одделот за заштита на определени личности и објекти, на 06.02.2026 на ул. „Даме Груев“ во Скопје управувал патничко возило „сеат алтеа“ без положен возачки испит, при што како учесник во јавниот сообраќај без да поседува возачка дозвола за управување со моторно возило не се придржувал до прописите за безбедноста во сообраќајот, со што управувал моторно возило на безобѕирен начин.

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ѓ.К. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муницијата и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

    Популарно

    Полицијата ќе “ве удри по џеб” – Спремете 45 евра ако ве фатат без ова во возилото

    19.02.2026 во 08:27

    Итно го пренеле на скопските Клиники – Тешко повреден работник

    19.02.2026 во 08:16

    Зеленски: Не знам Путин кога ќе нападне – може во секој момент

    19.02.2026 во 09:15

    Дожд, снег, невреме – УХМР најави каков четврток не очекува

    19.02.2026 во 07:55

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.