Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против М.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,малтретирање во вршење на службата“ предвидено и казниво по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот М.А. на работно место „полицаец“ во ПС Кичево при СВР Охрид, на 12.02.2026 на кружниот тек помеѓу бул. „Ослободување“ и ул. „Рудничка“ во Кичево, додека извршувал работни задачи во содејство со уште еден полициски службеник извршил малтретирање на лице, така што откако забележале нарушување на јавниот ред и мир од страна на две групи лица, во еден момент кога истите престанале со нарушување на јавниот ред и мир и не давале отпор кон пријавениот, М.А. неовластено употребил физичка сила кон едно од лицата.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муницијата, упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед и отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
- Алармантно во Хрватска: Бурата фрла контејнери во море, има повредени, вклучен црвен метеоаларм
- Шокантно истражување: Ајкулите на Бахамите позитивни на кокаин и лекови – научниците во паника
- Лишени од слобода пет лица од кои четири се малолетници, за лажните дојави за бомби во тетовските училишта
- Разбојништво во Лојане: Две лица претепале и ограбиле државјанин на Египет
- Лукаревска до Трипуновски: Оризопроизводителите се во агонија со цена од 18 денари – каде се ветените 42 денари за арпата
- Лишени од слобода 12 возачи: Mалолетници без дозволи и пијани возачи предизвикувале сообраќајки
- Бран семејно насилство во Македонија: Синови тепаат татковци, ќерки напаѓаат мајки, партнери фрлаат остри предмети
- Кривична пријава за 19-годишен радовишанец: Живеел во вонбрачна заедница со малолетничка


