Полицаец им го попречуваше на новинарите пристапот до Мијалков: „Тргнете се“

 

Полицаец вработен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, при излегувањето од притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вечерва туркаше новинари и сниматели, со што ги попречи во вршењето на нивната работа.

Тој во моментот кога Мијалков излегуваше од капијата на затворот, излезе пред него, па со викање и туркање ги тргаше микрофоните на новинарите кои поставуваа прашања.

На реакцијата од страна на новинарските екипи, тој продолжи со своето однесување викајќи: „Тргнете се, тргнете се ајде“, не одговарајќи на прашањата дали навистина е неопходно такво туркање.

Претходно, истиот полицаец, молчеше и дозволи обезбедувањето да го паркира автомобилот на Мијалков веднаш до капијата.

Иако присутните новинарски екипи побараа објаснување зошто ексдиректорот на УБК е привилегиран во тој поглед, полицаецот не одговори.

Тој и неговите колеги молчеа и на прашањата дали на сите затвореници им се дозволува вака да се паркираат кога го напуштаат затворот.

29.12.2021 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега