Повеќе скопски општини денеска ќе се соочат со прекини во електричната енергија поради зафати на ЕВН Македонија. Дел од населението во Петровец, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Кисела Вода ќе остане без струја во различни термини.
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре делови од повеќе општини ќе останат без електрична енергија во различни временски периоди. Без струја од 8 до 14 часот ќе биде дел од селото Ќојлија во општина Петровец. Во општина Студеничани, од 8.30 до 9.30 часот прекин ќе имаат корисниците од селата Драчевица и Цветово, додека во општина Сопиште, од 8.55 до 9.55 часот, без електрична енергија ќе останат жителите на Горно Соње, Долно Соње, Чифлик и Света Петка. Од 9 до 14 часот прекин е најавен и за дел од улицата „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров, а од 12.30 до 14.30 часот струја ќе немаат и корисниците на делови од улиците „Димо Хаџидимов“ и „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода.

