Појадок со кој се регенерира црниот дроб: Се јаде 2 до 3 пати неделно, ја обновува секоја клетка во телото

 

Црниот дроб е најважниот орган во телото од причина што целиот организам зависи од неговото здравје.

Токму црниот дроб е тој кој ги филтрира сите нечистотии, а нутриционистите велат дека можете да му помогнете така што неколку пати во неделата ќе го појадувате ова.

Дека црниот дроб не работи како што треба, најдобро ќе забележите доколку чувствувате хроничен умор, горчлив и „метален“ вкус во устата, имате жолти наслаги на јазикот итн.

Ако постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите цигари и пиете алкохол или земате силни лекови, можно е да го изложите овој орган на дополнителен напор.

Експертите се сигурни дека црниот дроб може да се регенерира со консумирање на овесна каша за појадок.

Рецепт за каша која го подобрува здравјето на црниот дроб:

Овесно брашно (1 чаша) - овесот ја блокира апсорпцијата на штетните материи, ја забрзува елиминацијата на токсини, го олеснува процесот на варење и му ја обезбедува на телото потребната енергија.

Тиква (исечкана на коцки, 20 до 40 грама) - ги обновува клеточните структури на црниот дроб и подмладува. Помага во чистење на сите органи. Јадењето на сирова тиква на празен стомак ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт.

Суво грозје (половина шака) - ја оптимизира функцијата на црниот дроб и помага при обновување на клетките.

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во мало тенџере. Додајте вода или млеко и оставете да зоврие. Можете да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете го тенџерето од оган, поклопете и оставете малку да отстои.

Препораката е оваа каша да се јаде 2 до 3 пати неделно. Брзо се апсорбира, дава леснотија, енергија и го отстранува непријатниот плак од јазикот.

08.02.2022 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега