Погребан Карадаковски - Имал изгореници од втор и трет степен и му откажале бубрезите
Александар Карадакоски, кој што бил управител на хартија на ММММ Кафе дооел, кој што управувал и со дискотеката Пулс во Кочани, е 60-тата жртва на трагедијата, а вчера беше испратен во вечниот дом.
Телото на Карадаковски претходно беше донесено од Литванија каде се лекуваше и беше најкритичниот пациент од пожарот, предадено на Судска Медицина во Скопје за обдукција, а погребот се одржа вчера на 08 април во 14 часот во Кочани.
Карадаковски мал 35% изгореници од втор и трет степен на главата, вратот и рацете. На дишните патишта имал тешки изгореници од околу 90 проценти. Состојбата му се влошила на 1 април, Александар бил и на дијализа поради откажување на бурбезите. Почина на 4 април.
За истражните власти беше еден од осомничените за пожарот во „Пулс“.
Инаку, по пожарот во дискотеката во Кочани животот го загубија 61 лице.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа