Close Menu
    Најново

    Скопјанка си го истепала синот со здравствени проблеми

    18.12.2025 во 22:36

    3 хороскопски знаци ќе се збогатат на игри на среќа до 25 декември

    18.12.2025 во 22:33

    Се урна приватен авион во Северна Каролина

    18.12.2025 во 22:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Скопјанка си го истепала синот со здравствени проблеми
    • 3 хороскопски знаци ќе се збогатат на игри на среќа до 25 декември
    • Се урна приватен авион во Северна Каролина
    • За да ве следи среќа цела година- запомнете го утрешниот датум
    • ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кадар на СДСМ, Јована Тренчевска, е всушност кадар на Заев
    • На 9 години пушат цигари, на 13 пробуваат алкохол
    • Уапсен скопјанец баран со потерница
    • Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ донесе неуставна резолуција за пресметка со опозицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Поднесено обвинение за напаѓачот на „Инфомакс“: Влегол насилно во студиото за да ја прекине емисијата

    Поднесено обвинение за напаѓачот на „Инфомакс“: Влегол насилно во студиото за да ја прекине емисијата

    18.12.2025 во 10:17Updated:18.12.2025 во 10:43
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривични дела – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1, како и – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик.

    Обвинетиот на 10 декември извршил грубо насилство спрема двајца новинари во дневно-информативниот онлајн медиум „Инфомакс“, како и спрема гостин во нивната емисија, со што ги спречил во вршење на професионалната дејност.

    Додека емисијата „Тешки муабети“ се емитувала во живо на YouTube и на социјални мрежи, обвинетиот пишувал навредливи и заканувачки коментари за еден од новинарите поради критиките што во емисијата биле упатувани кон премиерот.  Потоа обвинетиот дошол на адресата на која се наоѓа студиото, ја обил влезната порта, ги искршил и влезната врата од објектот и вратата на студиото, па како резултат на тоа емисијата била прекината.

    Еден од оштетените се обидел да го задржи обвинетиот да не влезе во студиото, но тој продолжил да вика и да им се заканува по живот, ги пцуел и ги навредувал присутните, а се обидувал и физички да ги нападне, замавнувајќи со рацете и фрлајќи со чаша кон нив. Оштетените повикале полиција, додека во меѓувреме успеале да го смират обвинетиот и да го извадат надвор на улица.

    Со насилничките дејствија обвинетиот предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените и други присутни лица. Медицинското вештачење на обвинетиот покажа дека и покрај неговата претходна душевна здравствена состојба, тој делото го извршил во состојба на пресметливост. Согласно тоа, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.

    Основното јавно обвинителство Скопје приоритетно постапува во сите предмети кои се однесуваат на евентуални напади врз новинари и загрозување на слободата на говор.

    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42

    Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

    17.12.2025 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.