Скопје утре ќе функционира под посебен сообраќаен режим поради официјалната посета на косовскиот премиер Албин Курти.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе спроведе посебни мерки кои вклучуваат привремени ограничувања и пренасочувања на сообраќајот на дел од скопските улици и булевари.

Полицијата апелира до сите возачи и учесници во сообраќајот на трпение и доследно почитување на сообраќајните правила и наредбите од полициските службеници на терен.

Exit mobile version