Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет.

Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а поради продор на постуден воздух од север температура ќе опадне за неколку степени.

Exit mobile version