Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари средба со жителите на Горно Оризари, каде што изврши увид во реализираните проекти со кои се исполнуваат долгогодишните барања на граѓаните од оваа населба.
По средбите на кои жителите ги споделиле своите триесетгодишни проблеми, започнато е со конкретна реализација на терен. Реконструирана е улицата со околу 4.000 метри квадратни нов асфалт, поставено е ново детско катче, целосно е обновен спортскиот терен, а изградена е и уредена автобуска постојка.
„Довербата на народот е обврска што се оправдува со работа и со исполнет збор! Во Горно Оризари ми ги отворија вратите, ми ги кажаа маките кои траеле 30 години и ми дадоа доверба. Им ветив дека ќе се вратам. Денес сум повторно меѓу нив, со исполнување на договореното!“, порача Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
Тој нагласи дека зад секое ветување стојат луѓе што чекаат подобри услови за живот, порачувајќи дека ова е само почеток и дека градот се гради заедно со граѓаните.


