Министерството за внатрешни работи информираше за посебен режим на сообраќај утре во Скопје.

Како што посочија од МВР, утре во периодот во 07:30 до 11:30 часот ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булевар „Јане Сандански“ на потегот од крстосница со булевар „Србија“ и булевар „Видео Смилевски Бато“ до крстосница со улица „Владимир Комаров“, на дел од улица „Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со булевар „Јане Сандански“ до крстосница со булевар „АСНОМ“ и на дел од булевар „АСНОМ“ на потегот од крстосница со булевар „Киро Глигоров“ и булевар „Србија“ до крстосница со улица „Васко Каранѓелевски“ во Скопје.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

„МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот“, посочија од МВР.

Exit mobile version