Македонија денеска ќе биде под влијание на променлива облачност, но со повремени сончеви интервали. Како што соопшти УХМР, во попладневните часови на одредени места ќе има услови за појава на локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите наутро беа прилично ниски и се движеа од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе достигнат до пријатни 17 степени во најтоплите делови од земјата. Во Скопје времето ќе биде слично, со максимална температура до 15 степени.
На почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Кон средината на неделата ќе преовладува стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон петок и во петок под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.

